Секунди недостасуваа Динамо Загреб да биде уште еднаш шокиран, сепак “модрите“ се спасија во 90+4.минута од нова катастрофа и тоа во “македонското дерби“ во ХНЛ.
Вараждин – Динамо 1:1, значи Елези и Митровски против Ристовски Адеми 1:1. Сите четворица беа дел од овој меч.
Стефан Ристовски во 54.минута си даде автогол за водство на домашните од 1:0. И така беше се до таа 90+4.минута кога Емрели постигна гол за конечни 1:1.