Макс Верстапен ја забележа својата 17-та победа сезонава во Формула 1 шампионатот откако триумфираше за ГП на Сао Пауло. За него тоа е втор триумф на „Интерлагос“ во кариерата по онаа победа во 2019 година кога натпреварувањето го носеше името ГП на Бразил.
Холанѓанецот извозе одлични четири круга на стартот, мораше да направи два старта поради црвено знаменце кое беше покажано по судирот меѓу Магнусен, Албон и Хулкенберг уште по првата кривина. Верстапен го доби дуелот со Ландо Норис и умешно го чуваше врвот. Норис заврши втор и како утеха му се најбрз круг и признанието за возач на денот.
Трет на подиумот се качи Фернандо Алонсо за кого ова е прв пласман на подиумот уште од ГП на Холандија на крајот на август. Во втората половина од трката двојниот шампион требаше да се чува од нападите на Серхио Перез. Тој дуел заврши со фото финиш.
Петтото место му припадна на Строл, следуваат Сајнц, Гасли, Хамилтон, Цунода и Окон на десеттото место.
Со оваа победа Верстапен ја помина границата од 500 бодови во генералниот пласман (524 вкупно). Следната трка е за две недели во Лас Вегас.