Иако без Шабани, Ќосевски и Бојку, иако на 0:0 не беше реализиран пенал, иако Шкендија водеше со 0:1, сепак Струга ТЛ покажа зошто е шампион. Со фантастичен пресврт успеа да слави денеска на свој терен во мега – дербито со 2:1 и тоа со два гола за само две минути.
Нема што, Струга покажа карактер, победнички менталитет и затоа останува и натаму најсериозен кандидат за нова титула.
Во Шкендија допрва ќе се очекуваат потреси. Две ремија дома со Брера и Воска, пораз во Купот од Работнички и пораз од Струга ТЛ денеска.
Ова веројатно значи дека тренерот Ардијан Нухиу во следните неколку часови ќе добие отказ.
А еве како изгледа табелата по 13.коло во ПМФЛ:
Шкупи 28, Струга ТЛ 27, Шкендија 25, Силекс 20, Брера 16, Тиквеш 16, Работнички 16, Македонија ЃП 15, Гостивар 15, Брегалница 14, Воска 13, Вардар 11 бодови…