Денеска во 13 часот во меч од 13.коло во ПМФЛ, на Чаир ќе се одигра големото скопско дерби меѓу Шкупи и Вардар.Се разбира дека трибините на стадионот на Чаир ќе бидат преполни, се разбира дека кога доаѓа Вардар во оваа скопска населба овој меч е фудбалски празник. Јасно е дека така ќе биде и денеска, не може поинаку кога се води битката за Скопје, онаа фудбалската, кога играат Шкупи и Вардар.
“Шверцерите“ со денови се подготвуваат за овој меч, се најавува спектакл, а од Шкупи се најавува победа.
Така вели Арби Воша, офанзивецот на Шкупи:
“Иако ова е дерби, за нас е како и секој друг натпревари. Сите сме смирени во пресретна овој меч со Вардар. Добро сме подготвени, знаеме што сакаме. Веруваме дека ќе одиграме квалитетно и дека ќе успееме да дојдеме до трите бода. Сакам да ги повикам нашите фанови – „Шверцери“ да дојдат во што поголем број, да не бодрат, а по мечот заедно да славиме“ посочи Воша.
Повеќе од јасно е дека Вардар во моментов не е оној Вардар како порано. Најтрофејниот по двете врзани победи над Работнички и Брера, доживеа пораз од Струга ТЛ, па така денеска ќе даде се од себе да дојде до изненадување.Бод за Вардар од овој меч ќе биде голем како планина, но нели во фудбалот се случуваат и чуда.
Инаку последен пат Вардар победил на Чаир пред нешто повеќе од четири години, на 18 септември 2019 година со 1:2.