Јувентус впиша три бода со победата на незгодното гостување кај Фиорентина во 11.коло во Серија А. „Старата дама“ славеше со 1:0 со дебитантскиот погодок на Фабио Мирети во 10. Минута. Костиќ нафрли по земја од левата страна, а 20-годишниот Мирети ја сврте во голот.
Мирети е дете на Јувентус, а постигнал голови за У17, У19, У23 и сега за сениорскиот тим.
Јувентус има осум победи и е на второто место со 26 бода, два помалку од лидерот Интер. Фиорентина во спиша четвртиот пораз и со 17 бода е на осмото место.
Juventus lead with Fabio Miretti
Fiorentina 0-1 Juventus pic.twitter.com/Y8tK0Q5MhL
— FootColic ⚽️ (@FootColic) November 5, 2023