Луис Диас кој си има големи семејни проблеми, вечерва е херојот на Ливерпул. Но, ајде да тргнеме по ред.
Така е тоа во фудбалот. Без разлика колкав си фаворит и објективно подобар тим од противникот, ако не ги реализираш силните шанси, посебно оние кои ги имаше Дарвин Нуњез, тогаш казната стигнува.
И тоа како.
Така беше и на вечерашниот меч меѓу Лутон и Ливерпул. Домашните се бранеа цело време, имаа и среќа по она епско промашување Дарвин и тогаш ја искористија својата шанса во 79.минута.
Постигнаа гол преку Чонг, а во 90+5 минута Луис Диас постигна гол за 1:1, и веднаш го соблече дресот на кој пишуваше – “Ослободете го татко ми“.
Се знае зошто ова го направи.
GoaL! | Luton Town 1-1 Liverpool | Luis Diazpic.twitter.com/5X995uzGLB
— FootColic ⚽️ (@FootColic) November 5, 2023