Дуро: Апсолутно заслужена победа

240

Струга ја совлада Шкендија со 2:1, а тренерот на актуелниот шампион Шпетим Дуро смета дека ова е заслужен триумф. Според него оваа победа носи поголема тежина затоа што тимот играше без четири-пет важни играчи, а на голот беше 21-годишниот Кристијан Китановски.

„Апсолутно заслужена победа. Доминиравме од стратот до крајот на мечот и покрај тоа што имавме пет отсустни играчи. Активиравме четворица играчи на возраст од 18 и 19 години, почнувајќи од голманот и на другите позиции. Шкендија не беше опасна ниту еден момент освен за пеналот“, изјави Дуро.

Струга по 13 кола има најмногу победи во шампионатот и најмногу постигнати голови.

ПретходноФото на денот: Ало судија, а бре овде ништо не се гледа!
СледноПелистерци славеа на гостувањето кај Феникс