Лирија и Струмица со 100% ефект по трите кола, први победи за Вардар и Борец

104

Одбојкарите на Лирија славеа во дербито против Работнички 71&22 со 3:1 во сетови и останаа на врвот на табелата во домашниот одбојкарски шампионат. Лирија заедно со шампионот Струмица се единствените два тима во Првата лига кои се непоразени од почетокот на сезоната. Тимот од Жеровјане покажа дека има респектабилен состав кој и во дуелот со засилениот скопски ривал одигра одличен меч, кој донесе големивозбудувања во скоро секој од четирите сета.

Важна победа обезбедија и одбојкарите на Универзитет во Тетово, кои го добија градското дерби против Шкендија со 3:0. Од гостите се очекуваше многу подобра партија, но тие како да имаа сили само за еден сет.

Струмица без проблеми го доби дуелот со Јанта Волеј, а први победи во новата сезона обезбедија Вардар и Борец.

ПРВА ЛИГА – МАЖИ / 3. КОЛО

САБОТА:

Вардар – Македонија Џио   3:0 (25:19, 25:21, 25:17)

Струмица – Јанта Волеј    3:0 (25:10, 25:14, 25:23)

Штип УДГ – Весна Пробиштип  3:0 (25:16, 25:17, 25:13)

Сушево – Борец  0:3 (20:25, 21:25, 19:25)

Лирија – Работнички 71&22  3:1 (25:22, 25:21, 23:25, 27:25)

Универзитет во Тетово – Шкендија  3:0 (26:24, 25:14, 25:19)

ТАБЕЛА: 1. ЛИРИЈА 9; 2. Струмица 9; 3. Штип УДГ 6; 4. Шкендија 6; 5. Универзитет во Тетово 6; 6. Работнички 71&22 4; 7. Борец 3; 8. Јанта Волеј 3; 9. Сушево 3; 10. Вардар 3; 11. Весна Пробиштип 2; 12. Македонија Џио 0.

ПретходноМОК доби престижен сертификат од ИОК за реализираните проекти од областа на спортот
СледноСите погледи во Столе: Ќе успее ли Рајо да остане непоразен во Мадрид првпат по две децении?