Мега пресметка покрај езерото: Струга Трим Лум VS Шкендија, да се покаже кој е кој во мак-фудбалот!

189

 

Дербито на 13.коло, а можеби и дербито на есенската полусезона во ПМФЛ се игра денеска во Струга. Се среќаваат Струга ТЛ и Шкендија, најсериозните кандидати во битката за титулата, според имињата и двете наши најквалитетни екипи. Се разбира во ова друштво е и Шкупи.

Интересно, досега Шкендија никогаш не ја победила Струга ТЛ на гостински терен, и има негативен скор во меѓусебните дуели.

Напаѓачот на шампионот Басиру Компаоре се надева на победа на неговиот тим:

“Шкендија е добар тим, но ние сме подготвени да го дадеме максимумот да победиме. Се надевам дека може на овој меч,на ова дерби да го постигнам и својот деби гол во дресот на Струга“изјави Компаоре.

Инаку за Струга ТЛ на овој меч нема да настапи Буњамин Шабани поради пет жолти картони.

Од таборот на Шкендија се најавува голема борба. Тимот е во мини – резултатска криза, па така тетовци очекуваат дека токму на овој меч во Струга ќе успеат да дојдат до бодови.Нема слика

“Секако дека ќе биде тежок меч за нас, меч против директен ривал во битката за титулата. Нашата цел се знае, победа и три бода, тука нема дилеми.Овој дерби натпревар доаѓа вистинско време за нас, да ја покажеме нашата сила“ изјави Бруно Дита, дефанзивниот играч за врска на Шкендија.

ПретходноКузмановски: Не сакам да го коментирам судењето! Важно е дека ЕХФ-неделата ја завршивме успешно!
Следно„Ѓоковиќ изгледа како да може да игра уште 20 години“