Младен Жижовиќ: Задоволен сум од победата над Вардар, овој тим на Шкупи дава и повеќе од своите можности!

353

Шкупи под водство на Младен Жижовиќ продолжува да гази. Уште една победа за зацврстување на лидерската позиција на табелата. Попладнево во скопската пресметка на преполниот Чаир, Шкупи успеа со 2:0 да го победи Вардар.

По мечот стратегот на чаирчани имаше свој коментар:

Искрено ова дерби не го даде посакуваниот квалитет, но ние успеавме да дојдеме до тоа што го сакаме, а тоа е победа без примен гол. Секако дека сум задоволен од победата над Вардар, гостите се покажаа како силен тим, а и беа поодморни. Важна победа за нас, сега не очекува веќе в среда куп дуелот со Работнички. Сакам да им честитам на моите играчи на победата. Тие веројатно даваат повеќе од своите можности, затоа треба да им се честита. Тие што го направија за овие два месеца не знам дали некој друг тим во регионот има такво достигнување“ заврши Жижовиќ.

ПретходноРеал (М) сака да го донесе Рис Џејмс како замена за Карвахал
СледноНов старт на “Интерлагос“, Леклер излета на загревачкиот круг!