Денвер продолжува со фантастичен старт во НБА лигата, откако по седум меча има шест победи и пораз, а Никола Јокиќ на секоја средба блеска и се наметнува за ново МВП признание на првенствениот меч. Нагетси славеа против Чикаго со 123:101, а српскиот репрезентативец постигна 28 поени, 16 скока и девет асистенции.
Портер Јуниор имаше 27 поени, доволно за да се надокнади отсуството на Џамал Мареј, кој се пожали на повреда за време на натпревар и го напушти теренот. На другата страба Никола Вучевиќ имаше 19 поени, седум скока и три асистенции. Беше најдобар играч во тимот, кој водеше на полувреме со 55:53.