ПМФЛ: Шкупи владее со Скопје, шампионот со фантастичен пресврт ја “скрши“ Шкендија! (ВИДЕО)

423

Шкупи владее со Скопје. Шкупи ја доби “војната“ за главниот град. Победа од 2:0 против Вардар во интересен натпревар, во кој чаирчани покажаа многу повеќе, можеа да дојдат и до поубедлив триумф.

Спектаклот на Чаир и еуфоријата ја донесоа Воша во 25.минута и Кука во 74.минута.

Со овие три бода момците на стратегот Младен Жижовиќ и натаму се лидери на табелата.

May be an image of 5 people, people playing football, people playing soccer and text that says 'Ecolos 8'

На мега – дербито во Струга видовме извонреден фудбал, но и победа на крајот за Струга ТЛ од 2:1. Прво Радески во првиот дел промаши пенал,во второто полувреме гостите поведоа со гол од пенал на Красничи во 54.минута, потоа останаа со играч помалку по исклучувањето на Чинари. Во 73. и 75. минута Компаоре и Радески со фантастичен пресврт донесоа екстра значајна победа за Струга ТЛ.

 

ПретходноПегула е прва финалистка на финалниот турнир во Канкун
СледноЧаир “ГОРИ“: Шкупи ја доби “војната“ за главниот град…лесно, убедливо, очекувано! (ФОТОГАЛЕРИЈА)