Шкупи – Вардар 1:0 и Струга ТЛ – Шкендија 0:0 е епилогот од првите полувремиња на двете дерби средби од 13.коло во ПМФЛ. Во битката за Скопје, на полниот Чаир, Шкупи со голот на Воша во 26.минута има предност од еден гол за “експлозија“ на Чаир и екстаза меѓу „Шверцерите“. Имаше Шкупи шанси и за поубедливо водство.
Во Струга на супер – дербито, шампионот е подобар, има шанси, во 9.минута стружани не искористија и пенал. Имено Талески на прекрасен начин го одбрани ударот на Радески.
Струга ТЛ може да жали што нема водство.