Фудбалерите на Рајо Ваљекано предводени од нашиот репрезентативен голман Столе Димитриевски вечерва (21 ч.) гостуваат кај локалниот гигант Реал Мадрид во меч од 12 коло на Ла Лига. Сите погледи се вперени во нашиот голман, кој сезонава во повеќе наврати се покажа како клучен сегмент од добите игри и освоените бодови на малиот клуб од мадридското предградие.
Столе вечерва ќе се обиде по шестипат оваа сезона да ја зачува својата мрежа празна и со тоа да му овозможи на Рајо шанса за голема прослава. На последното гостување на „Бернабеу“ минатата сезона Реал славеше минимално со 2:1.
Интересен е и фактот што во последните 23 години, Рајо Ваљекано само еднаш успеал да си замине непоразен од „Бернабеу“.