Реал (М) сака да го донесе Рис Џејмс како замена за Карвахал

153

Шпанскиот шампион Реал Мадрид е заинтересиран за бекот на Челзи, Рис Џејмс. Според пишувањето на „ТalkSport“, Реал засилено се обидува да најде квалитетна замена за Даниел Карвахал, па првиот избор паднал на Џејмс.

Карвахал во јануари ќе наполни 32 години и реално е да се очекува дека од следната сезона нема да биде редовен стартер кај „кралевите“. Карло Анчелоти во неколку нарати побарал од управата на Реал да разговара со агентот на Џејмс.

Џејмс во последните години се мачеше со повреди, пропуштајќи го Светското првенство во Катар, а и на почетокот на оваа сезона нема многу натпревари исто така поради повредите.

ПретходноНикој ништо не му може! Новак: “Григоре извини“! (ФОТО)
СледноМладен Жижовиќ: Задоволен сум од победата над Вардар, овој тим на Шкупи дава и повеќе од своите можности!