Трајковски: Среќен сум за голот, сакам да ги има уште повеќе

146

Нашиот репрезентативец Александар Трајковски го постигна првиот гол во дресот на Хајдук и вчера донесе победа на мечот со Рудеш. Очекувано по средбата стигнаа и честитките за голот и победата.

„Мислам дека најважно е што го добивме натпреварот, однесовме три бода дома и едноставно мораме да продолжиме вака, да освоиме што е можно повеќе бодови, тоа е најважно за сите. Знаевме дека имаат високи стопери. Сакав да барам длабочина за да направам простор за другите играчи. Фала богу во второто полувреме искористивме една можност. Среќен сум што го постигнав првиот гол за овој клуб. Се надевам дека ќе ги има што е можно повеќе. Мислам дека најважно на крајот е што го издржавме притисокот“, вели Трајковски.

ПретходноДимитријевиќ со 16 поени за нова победа на Уникс Казан
СледноФото: На Чаир со поддршка за Палестина!