Чави: Не заслуживме да победиме

794

Менаџерот на Барселона Чави Хернандез беше доста критичен кон своите играчи и покрај победата од 1-0 на гостувањето кај Реал Сосиедад. Тој изјави дека неговиот тим не заслужил да победи на овој натпревар. Според него, причината за ваквиот настап е тоа што тимот се уште го нема преболено поразот во „Ел Класико“.

„Во моментов го чувствувам токму спротивното од минатата недела. Реал многу повеќе ја заслужи победата. Луѓето ги гледаат само резултатите, но не и ние. Минатата недела одигравме многу добро, но не денес. Мора да бидеме самокритични .Не игравме добро. Не се справуваме со додавање на топка. Како Ел Класико да ни влијаеше негативно. Како да имаме уште мамурлак од тој натпревар. Првите 20 минути се неприфатливи. Сосиедад има многу силен среден ред. Тие се одличен тим. Оваа победа има голема вредност, но не е постигната на начинот на кој сакаме“, рече Чави.

Предводникот на каталонскиот гигант, сепак не пропушти да потенцира дека имаат шампионски менталитет.

„Овој натпревар е пример за тоа што не треба да правиме. Особено во првото полувреме. Нема сомнение, тоа не може да се случи. Но, да победиш кога не играш добро е знак на шампионски менталитет. Ова е златна победа. „Таа ќе ни ја врати самодовербата по Ел Класико. Таа загуба влијаеше негативно на нас“, додаде тренерот.

ПретходноНикола Јокиќ одигра уште еден меч во свој стил (ВИДЕО)
СледноБитка за Скопје: На Чаир ќе врие, доаѓа Вардар!