Да, токму така. Лесно, убедливо и очекувано. Шкупи ја доби “војната“ со Вардар за тоа кој ќе биде владател на Скопје. Победа од 2:0, можеше и поубедливо, едноставно чаирчани се далеку поквалитетем тим од Вардар во моментов, тоа мора да се признае.
Чаир “ГОРЕШЕ“, домашните фанови приредија спектакуларна атмосфера, едноставно “Шверцерите“ беа во елемент.
Да кажеме дека пред мечот играчите на Шкупи се фотографираа со дресот на Суат Сахити кој тешко се повреди, скинати лигаменти, и ќе мора да паузира барем 7-8 месеци.