Легендарната тенисерка Мартина Навратилова ја коментираше моменталната состојба во овој спорт, каде за врвот имаме „судир на генерации“ меѓу Новак Ѓоковиќ и 16 години помладиот Карлос Алкараз.
„Уште колку години му останаа на Новак? Сега изгледа дека ќе може да игра уште 20 години. Ќе видиме, но подобро би било да беа поблиски во години“, рече Навратилова, која професионално се занимаваше со тенис и по влегувањето во нејзината петта деценија, иако најчесто тоа беше во двојки.
Силната конкуренција е исклучително важна за квалитетот на тенисот и по пензионирањето на Федерер и падот на Надал.
“Ние сме навикнати на високи стандарди со Роџер Федерер и Рафаел Надал. Убаво е да се биде сведок на дуел на генерации, со сета почит што ја имаат еден кон друг. Тие се единствените кои можат да го дадат својот максимум, бидејќи во тенисот можете да бидете најдобриот во светот, но ако играте против лош противник, нема да видите добри поени. Овие момци даваат се од себе, исто е и на ВТА турнејата. Зависите од квалитетот на противничката“, изјави познатата Навратилова.
Новак оваа сезона најверојатно ќе ја заврши како првопласиран, осми пат во кариерата, а моментално се бори за трофејот во Париз. Стигна до финалето каде противник му беше Григор Димитров.