Во меч од 6.коло во нашата елитна кошаркарска лига вечерва Вардар со 102:91 успеа да го победи тимот на ФМП и со тоа да дојде до својата трета победа во новата сезона.
Интересно, тимот на ФМП водеше речиси во текот на целиот меч, но Вардар одигра одлична последна четвртина, истата ја доби со 31:18 и на тој начин дојде до победата, како што рековме трета оваа сезона, а ФМП остана закован на табелата со шестиот пораз во исто толку мечеви.
Најефикасен на напреварот беше Митков со 26 поени, додека кај победничкиот тим Брукс постигна 25 поени.