Екипата на Еуро Никел 2005 го совлада Работнички и славеше на гостувањето во Скопје со 70-74. Натпреварот беше во рамките на 6.коло, а гостите од Кавадарци во поголемиот дел од мечот имаа предност и на крајот го освоија целиот плен.
На полувремето Еуро Никел водеше со 28-33. Избраниците на Горан Самарџиев се најдоа во лоша ситуација да бркаат негатива, но никако не успеваа да ја стигнат. Некаде при крајот намалија на 63-65, потоа изедначија.
Место пресврт и победа за домашните, гостите ја вратија позитивата и победија со четири поени разлика.
Кај Работнички најефикасен беше Трис со 17 поени, а кај Еуро Никел Џексон Дубински постигна 23 поени.