Пегула е прва финалистка на финалниот турнир во Канкун

84

Петтата тенисерка во светот, Американката Џесика Пегула се пласираше во финалето на завршниот тениски турнир во сезоната во Канкун, Мексико. По трите победи во групната фаза, во првото полуфинале, Пегула лесно ја совлада сонародничката Коко Гауф, трета носителка, со 6-2, 6-1.

Второто полуфинале беше прекинато поради дожд уште на стартот. Светскиот рекет број 1 Арина Сабаленка од Белорусија и втората на ВТА листата, Ига Швјонтек од Полска одиграа само три сета пред да бидат принудени да излезат од теренот поради дожд. Полуфиналето ќе продолжи вечерва.

Претходно“Шверцери“ во елемент: Спектакуларна кореографија на Чаир! (ФОТО)
СледноПМФЛ: Шкупи владее со Скопје, шампионот со фантастичен пресврт ја “скрши“ Шкендија! (ВИДЕО)