Полувреме: „Експлозија“ на Чаир, Шкупи со водство против Вардар, а во Струга на супер – дербито Талески му одбрани пенал на Радески! (ВИДЕО)

444

Шкупи – Вардар 1:0 и Струга ТЛ – Шкендија 0:0 е епилогот од првите полувремиња на двете дерби средби од 13.коло во ПМФЛ. Во битката за Скопје, на полниот Чаир, Шкупи со голот на Воша во 26.минута има предност од еден гол за “експлозија“ на Чаир и екстаза меѓу „Шверцерите“. Имаше Шкупи шанси и за поубедливо водство.

 

Во Струга на супер – дербито, шампионот е подобар, има шанси, во 9.минута стружани не искористија и пенал. Имено Талески на прекрасен начин го одбрани ударот на Радески.

 

Струга ТЛ може да жали што нема водство.

ПретходноКапитенот на Абердин не штеди пофалби: Бојан е врвен голгетер, тоа го покажува цела година
Следно“Шверцери“ во елемент: Спектакуларна кореографија на Чаир! (ФОТО)