Според пишувањата на шпанските весници, во многу скоро време, Диего Симеоне ќе го продолжи договорот со Атлетико Мадрид до 2027 година.
Според „Марка“, Аргентинецот се согласил да потпише нов договор со мадридскиот клуб дури и со значително намалување на платата.
Продолжувањето на договорот официјално ќе биде објавено во следните неколку дена.
Симеоне прераснува во икона на мадридскиот тим, затоа што на клупата на „јорганџиите“ дојде во 2011 година и веќе 12 години успешно го предводи тимот на кој му донесе неколку трофеи.