Вардар со реакција: Најостро го осудуваме националистичкото дивеење на фановите на Шкупи на вчерашниот меч!

1334

По вчерашните настани од скопското дерби меѓу Шкупи и Вардар, во меч во кој домашните славеа со 2:1, денеска со реакција излезе раководството на нашиот најтрофеен клуб.

Соопштението ви го пренесуваме во целост:

Како клуб, најостро го осудуваме вчерашното националистичко дивеење на домашните навивачи, во населбата Чаир.

За време на целиот натпревар, кон нашите фудбалери беа упатувани пиротехнички средства и навреди, а покрај тоа на трибините во неколку наврати беа истакнати силни националистички пораки, кои немаат никаква врска со спортот.

Недозволиви беа пораките, со кои се бара Скопје, главниот град на Република Македонија да стане главен град на друга држава. Тоа едноставно е недозволиво!

Покрај тоа, срамни беа и извиците и пораките, упатени на сметка на младото момче Никола Саздовски – Саздо, кое беше крвнички убиено од страна на навивачите од населбата Чаир. Поддршката која вчера ја добија убијците на Никола е нешто што апсолутно треба да биде осудено и санкционирано!

Секако, би сакале да истакнеме дека Управата на ФК Шкупи не пречека онака како што доликува, како што тоа ние го направивме на претходниот натпревар кога Вардар беше домаќин. Но, за жал вчера, наместо да доминира фудбалот и фер играта, доминираа политики кои апсолутно треба да бидат санкционирани!

Веруваме дека МВР и ФФМ како надлежни институции најбрзо ќе реагираат и ќе ги превземат неопходните мерки, со цел ваквите испади никогаш повеќе да не се повторат.

ПретходноПОЗНАТИ СЕ СИТЕ ДОБИТНИЦИ ОД ВТОРОТО КОЛО ВО „ЕСЕНСКА ТУРА ЗА 2WIN АВАНТУРА“
СледноВикендов се одржа седмото Државно првенство во пинг понг за У21 во машка и женска конкуренција!