Коментар на 13.коло: Циркусот во Кавадарци, од пеналот, градоначалникот Јанчев до голот од офсајд за 2:2!

3098

Пишува: Зоран Ѓоршоски

Никогаш не е здодевно кога станува збор за мак – фудбалот. А најинтересно е ден по одиграното коло. Тогаш фрчат сопштенија, тогаш секој има да си каже против судиите, тогаш секој е “паметен“. Во овие нови времиња на социјлни мрежи уште незавршен натпреварот се даваат коментари дека било или не било пенал.

Секако дека во преден план е мечот во Кавадарци, односно циркусот кој се случуваше во саботата за време на мечот меѓу Тиквеш и Гостивар.

Гостите поведоа со 0:1, потоа и со 0:2 од пенал, ама тоа беше поводот да дојде со немири кај сите, па и кај кавадаречките фанови кои почнаа да фрлаат со предмети.

Беше или не пенал? Мој став е дека нема пенал, ама нека си каже Судиската комисија.

И тогаш на терен влета градоначалникот Јанчев со цел да “каже нешто“. За среќа играчите и тренерот Мојсов беа најприбрани па брзо реагираа, за среќа. Имаше тука покажување и среден прст, па споменување на Господ и слично.

Се играше 90+1.минута кога Ивановски од чиста офсајд ситуација погоди за конечни 2:2, за бод за Тиквеш.

Интересно. Ако за пеналот во Кавадарци имаше и немири што се вели, мечот беше и во прекин, за голот никој ништо не кажа, ниту збор а од авион се виде дека беше офсајд.

Сепак тоа кај нас е така. Кога судијата ќе ти згреши, тогаш се споменуваат мајки, но кога неговата одлука ти оди во прилог тогаш се е ОК.

Сите клубови се такви со ретки исклучоци, сите претседатели и директори се исти со ретки исклучоци. Така е тоа во мак – фудбалот.

Или пак моите навивачи можат да прават што сакаат, ама ако тоа истото го прават другите, е тогаш боли. Нели?

А во ВМФЛ е бетер.

Што да се каже за тепачката во Каменица? Што да се каже за настаните во Битола?

Па зарем е можно?

ПретходноШок за „Дрим тимот“, после ОИ останува без селектор!
СледноЈуве, Ливерпул, Тотенхем… Кој ќе го добие Филипс во јануари?