Поранешниот играч за врска на Арсенал, Манчестер Сити и Олимпик Марсеј, Самир Насри, смета дека Килијан Мбапе не треба да замине во Реал Мадрид.
„Ако тој замине, тимот на ПСЖ ќе стане послаб. Но, земајќи го предвид буџетот со кој располага клубот, парижани ќе можат да донесат други играчи. Но, тие нема да бидат Мбапе, тоа е јасно. Денес, Килијан е многу важна фигура за клубот и репрезентацијата. Пред две години реков дека го сметам за најдобар играч на светот. Сè уште мислам така. Тој е од Париз. Да сум на негово место, би останал во ПСЖ наместо да одам во Мадрид за да му помогнам на Реал да ја освои 50-тата Лига на шампиони. Ако Марсеј ги имаше Катарците кога играв таму, никогаш немаше да заминам. Јас одам од девизата дека е подобро да се биде крал на своето село“, рече Насри во интервју за „Ле Фигаро“.