Најдобрите македонски шахисти од 11 до 20 ноември во Будва, Црна Гора, ќе настапат на Европските Екипни Првенства во шах опен и во женска конкуренција.
На првенствата до сега се пријавени 38 репрезентации во опен и 32 во женска конкуренција. Македонија на шампионатот патува со двете наши репрезентации, а боите на Македонија ќе ги бранат:
Во ОПЕН делот, ИМ Филип Панчевски, ИМ Никола Николовски, ФМ Емил Ристески, ИМ Тони Лазов, ФМ Андреј Велјаноски и селекторот ИМ Атанас Кизов, додека кај дамите тоа ќе бидат ЖФМ Моника Стојковска, Ивана Манова, Катерина Петровска, Сања Трајковска, Моника Жежовска и селекторот ФМ Љубиша Андоновски.
Викендов шахистите беа на подготвителен камп на кој учество зедоа поголем дел од репрезентативците.