Синоќа во Фиренца се одигра дербито на колото во Серија А меѓу Фиорентина и Јувентус. Победија гостите со 0:1 со голот на Мирети, а кај поразената екипа најдобар беше капитенот Кристина Бираги.
Токму тој денеска беше во нова улога. Слободениот ден го искористи да чисти ѓубре по улиците на Фиренца кое го има во изобилство како последица на големите поплави кои го зафатија тој дел од Италија.
“Одличен играч, уште подобар човек“, го пофалија на социјалните мрежи капитенот на Фиорентина.