Си-Џеј МекКолум повторно се соочува со белодробен колапс

122

НБА тимот Њу Орлеанс Пеликанс објави дека на Си-Џеј МекКолум повторно му е дијагностициран пневмоторакс. Мал пневмоторакс, присуство на воздух во десното белодробно ткиво, бил забележан во неделата наутро при преглед.

Во следните 48 часа ќе биде извршен дополнителен преглед за да се утврди состојбата и дали има напредок во лекувањето.

Ова е вторпат МекКолум да доживее колабирање на белите дробови. Поради овој проблем во 2021 година тој пропушти 17 натпревари во текот на шесте недели кои му беа потребни за да се опорави.

ПретходноВаква криза не паметат: Лион е единствениот клуб во Франција кој се уште нема победа!
СледноСтоле за „СпортСпорт“: Горд сум што имам 6 „чисти мрежи“ на 12 натпревари