Шок за „Дрим тимот“, после ОИ останува без селектор!

218

Тренерот на Голден Стејт, Стив Кер, најави дека ќе се повлече од селекторската функција на кошаркарската репрезентација на САД по Олимпијадата во Париз.

„Не, нема да бидам тренер по ОИ. За мене тоа е циклус од две години. Грег Попович беше тренер на Светското првенство во 2019 година и на Олимписките игри во Токио 2021. Сега е мојот ред да ја предадам штафетата “, изјави Кер за US Athletics.

Кер потврди дека имал краток разговор со Стеф Кари за Олимпијадата во Париз.

Најдобрите кошаркари од НБА, меѓу кои Леброн Џејмс, Стеф Кари, Кевин Дурент, Џејсон Тејтум, Девин Букер и Џоел Ембид најавија дека ќе настапат на Олимпијадата во Париз.

ПретходноТИМ И ИГРАЧ НА 13.КОЛО: Радески е најдобар меѓу најдобрите
СледноКоментар на 13.коло: Циркусот во Кавадарци, од пеналот, градоначалникот Јанчев до голот од офсајд за 2:2!