Анчелоти смирен по ремито со Рајо: Лоша реализација, но нема место за драми

199

По ремито со Рајо Ваљекано во 12. коло од Ла Лига, Реал Мадрид остана 2 бода зад водечката Џирона. Тренерот на „галактикоси“, Карло Анчелоти призна дека е незадоволен од конечниот резултат.

„Создадовме многу шанси, но немавме прецизност. Разочаран сум од резултатот. Според мене тоа беше добар натпревар. Создадовме многу шанси, Валверде, Винисиус, Хоселу, Родриго… Ни недостигаше малку прецизност. Повторувам, натпреварот беше добар. Добро ги контролиравме контранападите, бевме агресивни, тимот играше добро, но понекогаш едноставно не можеш да постигнеш гол. Понекогаш добивате натпревар кога не го заслужувате, а понекогаш не победувате кога заслужувате. Нема потреба од драма, одиме натаму“, изјавил Анчелоти.

ПретходноСтоле за дуелот со Винисиус: Ми рече ќе се видиме во соблекувалната, ама не се сретнавме
СледноИН МЕМОРИАМ: Почина легендата на Работнички и МЗТ Скопје, Јанко Луковски