Ашаданов со 13. кошаркарки во Португалија

109

По одработувањето на вечерниот тренинг во СРЦ „Кале“, последен пред заминувањето за Португалија, каде на 9. ноември македонската кошаркарска репрезентација го игра првиот натпревар од квалификацитие за Евробаскетот во 2025 година, селекторот Александар Ашаданов, го одреди и списокот на играчи на кои ќе смета за овој натпревар.

За мечот во Матошинос, предводникот на нашиот женски национален тим се определи за 13.кошаркарки.

„Немаме многу време за подготовки пред овие два натпревари. Денеска одработивме два, се обидувме да поставиме некои работи кои ќе ни бидат од корист на натпреварите кои следуваат. Утре за Матошинос ќе патуваат 11. кошаркарки, а во Португалија ќе нè чекаат Нена Трајчевска и Александра Стојановска, па во еден комплетен состав ќе одработиме уште некој тренинг се со цела да бидеме што е можно поспремни за предизвиците кои стојат пред нашата селекција“, рече Ашаданов.

СПИСОК НА ЖЕНСКА СЕНИОРСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА НАТПРЕВАРОТ ПОРТУГАЛИЈА-МАКЕДОНИЈА

Анџелика Митрашиновиќ         Пештански Цајки (Словачка)

Матеа Николиќ     Пасаласка Рагуса (Италија)

Александра Стојановска           Кортегада (Шпанија)

Нена Трајчевска    ЦБ Архил (Шпанија)

Мерит Хемпе         Валенсија (Шпанија)

Милица Николиќ Вебас (Србија)

Ивана Кметовска  Баскет Кам 2011 – М. Каменица

Елена Тасевска      Баскет Кам 2011 – М. Каменица

Сања Адамовска  Баскет Кам 2011 – М. Каменица

Илина Селцова      Вардар – Скопје

Ања Начевска        Вардар – Скопје

Марија Димитријевиќ    Вардар – Скопје

Клементина Модева       Струга 2009

Селектор: Александар Ашаданов

ПретходноСтрумичани уриваат рекорди: Брера нема победа цели 79 дена!
СледноБугарија се плашат од нереди, УЕФА донесе одлука