Бугарија се плашат од нереди, УЕФА донесе одлука

2190

Репрезентациите на Бугарија и Унгарија квалификацискиот натпревар за Европското првенство ќе го одиграат без навивачи, потврди Европската фудбалска организација (УЕФА).

УЕФА објасни дека ваква мерка побарале бугарските власти поради страв од немири. Првично таков договор постоеше меѓу бугарската и унгарската фудбалска федерација поради информациите што ги собраа, а кои зборуваа за можен навивачки конфликт.

Наместо во Софија, натпреварот ќе се игра во Пловдив на 16 ноември, во рамките на квалификациската група Г. Унгарија е водечка селекција во таа група со 14 бодови, Србија има бод помалку, Црна Гора осум, Литванија шест, додека Бугарија е последна со два бода. Бугарите се уште немаат постигнато ниту една победа во квалификациите.

ПретходноАшаданов со 13. кошаркарки во Португалија
СледноТурските гиганти за првпат се здржија и ја разочараа федерацијата