Ваква криза не паметат: Лион е единствениот клуб во Франција кој се уште нема победа!

167

Француски Лион и по ова последно викенд коло останува без победа во Лига 1. Тие, всушност, се еден од само трите тима во најсилните пет национални европски првенства кој се се уште без победа.

Вчера Лион на домашен терен одиграа 1-1 против Мец, а тренерот на тимот, Фабио Гросо, директно разговараше со навивачите на Лион и им ветил дека работите ќе бидат подобри.

„Направивме се што можевме за да победиме денеска. Не се откажуваме. Ветувам дека ќе дадеме се од нас и се надевам дека ќе биде доволно“, изјавил Гросо пред фановите.

Кризата во Лион кулминираше минатата недела кога автобусот беше нападнат пред натпреварот против Олимпик Марсеј. Во инцидентот Гросо беше погоден со шише, а малку фалеше да го загуби левото око.

ПретходноКалин падна 21 место на новата АТП листа
СледноСи-Џеј МекКолум повторно се соочува со белодробен колапс