Во Реал може да здивнат: Повредата на Белингем не е сериозна, го чека само една недела пауза!

103

Синоќа на мечот меѓу Реал Мадрид и Рајо Ваљекано, на кој брилјираше нашиот Столе Димитриевски, се повреди најдобриот играч на “кралевите“ сезонава, Џуд Белингем. Лекарскиот тим речиси пет минути му укажуваше помош а цел “Сантијаго Бермнабеу“ речиси се “смрзна“ од страв. Сепак младиот Англичанец стана и го одигра целиот меч.

Денеска откако биле направени дополнителни лекарски прегледи, објавено е дека Белингем има само дислокацијата на рамото. Повреда која не е тешка, но исклучително е болна.

Па така тој ќе паузира една недела и нема да биде во составот на гостувањето кај Брага во ЛШ, меч кој е закажан за во среда.

Затоа се очекува да може да игра со Валенсија во натпревар од Ла Лига претсојниот викенд.

ПретходноЕве зошто Новак е далеку пред Надал и Федерер! (ФОТО)
СледноУжас: Аргентински полицаец се самоубил по поразот на Бока во финалето на Копа Либертадорес!