Далас извојува петта победа, Кливленд по 16 порази, конечно, го порази Голден Стејт (ВИДЕО)

158

Кошаркарите на Далас славеа на дуелот со Шарлот со 124:118 и ја извојуваа петтата победа во шестиот меч од стартот на сезоната во НБА лигата. Дури седум играчи на Далас постигнаа двоцифрен број на поени, а најефикасен беше Лука Дончиќ со 23 поени, 12 скока и девет асистенции. Кајри Ирвинг постигна 18 поени и 10 асистенции, Грант Вилијамс постигна 18 поени, а Дерек Лајвли постигна 15 поени со 14 асистенции.

Во тимот на Шарлот Ламело Бол оствари трипл-дабл учинок од 30 поени, 13 асистенции и 10 скока.

Кошаркарите на Кливленд го победија Голден Стејт со 115:104 и ја прекинаа серијата од 16 порази во меѓусебните натпревари во НБА лигата. Кавалирс ги предводеа Донован Мичел со 31 поен и седум асистенции и Дариус Гарланд со 24 поени и седум асистенции. Ова беше прва победа на Кливленд против Голден Стејт од 25 декември 2016 година, а во меѓувреме, тимот претрпе 12 порази во регуларниот дел од сезоната и четири во плеј-офот. Голден Стејт ја прекина серијата од пет победи, а Стивен Кари беше најефикасен во тимот со 28 поени, од кои постигна седум тројки од 11 обиди.

Кошаркарите на Торонто по продолжение славеа над Сан Антонио 123:116, додека Мемфис беше подобар од Портланд со 112:100 и ја постигнаа првата победа сезонава. Феникс го победи Детроит со 120:106 и ја прекинаа серијата од три порази.

ПретходноСтоле ги откажа „кралевите“, Рајо до голем бод од „Бернабеу“ (видео)
СледноСтоле за дуелот со Винисиус: Ми рече ќе се видиме во соблекувалната, ама не се сретнавме