Челзи му го нанесе првиот пораз на Тотенхем оваа сезона во Премиер-лигата, на гостински терен дојде до убедлив триумф од 1-4 во меч кој траеше 113. минути, а беше дел од 11. коло. ВАР имаше полни раце работа, поништи четири голови поради офсајд.
Домашниот состав прв го отвори мечот преку несудениот македонски репрезентативец, Дејан Кулушевски, кој беше единствениот стрелец за својот тим. Тотенхем на овој меч беше со двајца играчи помалку, откако Ромеро и Удоги заработија црвени картони.
Палмер во 35. минута израмни на 1-1, а пресвртот Челзи го приреди во второто полувреме со хет-трикот на Џексон во 75. минута, и два гола во судиското надополнување.