Откако го загуби финалето во Копа Либертадорес, тренерот на Бока Јуниорс, Хорхе Алмирон го напушти клубот. Како што објави аргентинскиот гигант, Хорхе Алмирон и клубот се договориле за меѓусебен прекина соработката иако тој имаше активен договор со Бока до крајот на сезоната.
52-годишниот тренер беше ангажиран во април, но по само неколку месеци го напушта тимот. Претходно, Аргентинецот беше на чело на клубови како Елче, Ал Шабаб и Инденпендиенте.
Бока Јуниорс моментално е на седмото место во најквалитетната аргентинска лига.