Познат составот на нашите шаховски селекции за Европските екипни првенства во Црна Гора

93

Најдобрите македонски шахисти од 11 до 20 ноември во Будва, Црна Гора, ќе настапат на Европските Екипни Првенства во шах опен и во женска конкуренција.

На првенствата до сега се пријавени 38 репрезентации во опен и 32 во женска конкуренција. Македонија на шампионатот патува со двете наши репрезентации, а боите на Македонија ќе ги бранат:

Во ОПЕН делот, ИМ Филип Панчевски, ИМ Никола Николовски, ФМ Емил Ристески, ИМ Тони Лазов, ФМ Андреј Велјаноски и селекторот ИМ Атанас Кизов, додека кај дамите тоа ќе бидат ЖФМ Моника Стојковска, Ивана Манова, Катерина Петровска, Сања Трајковска, Моника Жежовска и селекторот ФМ Љубиша Андоновски.

Викендов шахистите беа на подготвителен камп на кој учество зедоа поголем дел од репрезентативците.

ПретходноНасри го советува Мбапе да не си оди од ПСЖ: Подобро е да си прв во своето село…
СледноБруно го напушта Јунајтед и се сели во С. Арабија?!