Силкерборг без искусниот голман против Алкалоид

335

ЕХФ-неделата и официјално заврши, па клубовите повторно се во преден план. Македонските претставници во европските клупски натпреварувања се подготвуваат за продолжението на сезоната исполнета со големи предизвици.

Македонскиот вицепрвак, Алкалоид по освоениот бод на гостински терен против Ла Риоха, го чека нова тешка задача, Силкеборг (БСХ). На 14. ноември се игра првата средба во Скопје, додека една недела подоцна е реваншот во Данска.

Од таборот на овој тим доаѓаат информации дека во Скопје нема да допатува еден од нивните најпознати играчи, голманот Јохан Сјостранд. Поранешниот чувар на мрежата на Барселона, Кил, Флензбург…се уште се рехабилитира од повредата.

ПретходноТурските гиганти за првпат се здржија и ја разочараа федерацијата
СледноГолем проблем за Денвер – Јокиќ се повреди