Столе за дуелот со Винисиус: Ми рече ќе се видиме во соблекувалната, ама не се сретнавме

3534

Македонскиот голман Столе Димитриевски синоќа беше во фокусот на шпанската фудбалска јавност, откако со својот голмански перформанс не му дозволи на Реал (М) да слави на мечот против неговиот Рајо Ваљекано во Ла Лига. Шпанските медиуми се заинтересираа и за дуелот кој Столе го имаше со бразилската ѕвезда од екипата на Реал, Винисиус, откако камерите ја снимија нивната дискусија за време на еден инцидент кој се случи на теренот.

„Јас и ти, надвор, ти и јас, надвор“, му рече Винисиус на Димитриевски откако напаѓачот на Реал Мадрид се судри со голманот на Рајо, а Столе се обиде да изнуди црвен картон за противничкиот фудбалер.

На крајот од натпреварот Столе за тв-екипите изјави дека не се случило ништо спектакуларно.

„Ништо не се случи… На крајот се е нормално… Тој (Винисиус) сакаше да ја фати топката, јас го истегнав зглобот и паднав. Едноставно тоа се делови на играта и ништо повеќе“, објасни Димитриевски.

За зборовите кои Винисиус рече дека „тоа се работи кои остануваат на теренот“. За тоа дали се сретнале на најавениот дуел со Винисиус по мечот, Столе се пошегува:

„Дали сум зборувал со Винисиус за да решам сè? Ми велеше „се гледаме во соблекувална“… но не се видовме…“.

ПретходноДалас извојува петта победа, Кливленд по 16 порази, конечно, го порази Голден Стејт (ВИДЕО)
СледноАнчелоти смирен по ремито со Рајо: Лоша реализација, но нема место за драми