Кој ли само можеше да претпостави на 24 август, по победата над Тиквеш со 2:0 на свој терен, дека тоа ќе биде последен триумф на Брера Струмица во наредните, неверојатно, 79 дена. По таа победа над кавадарчани, “италијнската Брера“ имаше “четири од четири“, беше прва на табелата, се споменуваше и титула, такви сме ние медиумите, ама од од тогаш па до сабота кога играат дома со Струга ТЛ на свој терен во меч од 14.коло, потоп.
На девет меча само четири ремија и пет порази. Интересно, оваа бројка од 79 дена може да биде уште поголема ако се знае дека в сабота играат со шампонот Струга ТЛ, а потоа цели две недели има пауза поради репрезентативните настапи.
Следниот меч од тоа 15.коло е со Тиквеш на 26 ноември, значи Брера може да дојде до бројка од цели 94 дена без победа, или повеќе од три месеци.
Навистина неверојатно. Нема што, струмичани уриваат рекорди.
Се разбира дека тука ги сметаме само резултатите во ПМФЛ, не и во Купот на Македонија.