Марјан Радески според изборот на “СпортСпорт“ е најдобар меѓу најдобрите во 13.коло во оваа сезона во ПМФЛ. Иако не успеа да реализира пенал на 0:0 против Шкендија во мега – дербито, сепак тој беше решавачкиот фактор на победата на шампионот, на тимот на Струга ТЛ на дуелот со тетовци од 2:1.
Покрај него во тимот на колото се и Кривањева, Згуро и Компаоре (Струга), Алексовски и Деспотовски (Работнички), Мишевски и Стојков (Македонија ЃП), Воша и Кука (Шкупи), Ивановски (Тиквеш).
ИГРАЧ НА КОЛОТО
МАРЈАН РАДЕСКИ
Тим: Струга Трим Лум
Роден: 10.02.1995 во Прилеп
Кариера: 11 Октомври, Металург, Шкендија, Брера, Шкупи, Пјуник (ЕРМ), Струга ТЛ