Цел свет знае дека Аргентинците се луди по фудбалот, ама да извршиш самоубиство поради тоа дека твојот тим загубил во финалето на Копа Либертадорес, е тоа е премногу.
Како што јавуваат медиумите во Аргентина, извесен Марсело Моралес кој имал само 23 години не можел да ја поднесе загубата на Бока во финалето од Флуминенсе, се одлучил да си го одземе животот, инаку Моралес по професија бил полицаец.
Веста за ова ја потврдила неговата мајка за една локална ТВ.
Инаку интересно е што таа откртила дека пред мечот Марсело му кажал на својот татко ако Бока не победи тој ќе изврши самоубиство.
Ете, заканите ги остварил.
Ужас.