Јуве, Ливерпул, Тотенхем… Кој ќе го добие Филипс во јануари?

192

Калвин Филипс е се подалеку од можноста да се доближи до стартно место во составот на Манчестер Сити, а тоа веројатно ќе го натера во јануари да побара заминување во друг клуб. Играчот од средниот ред забележа само 28 настапи за клубот откако дојде од Лидс во летото 2022 година, па сега англиските медиуми шпекулираат дека има цела една редица заинтересирани клубови кои овој јануари сакаат да го донесат на 6-месечна позајмица.

Според „Газета дело Спорт“, италијански Јувентус започнал разговор со Манчестер Сити за Филипс, а во листата на заинтересирани клубови од поодамна се и Ливерпул и Њукасл. Од англиските клубови, најнов интересент за Филипс е Тотенхем, кој исто така побарал разговори со Сити за фудбалерот.

ПретходноКоментар на 13.коло: Циркусот во Кавадарци, од пеналот, градоначалникот Јанчев до голот од офсајд за 2:2!
СледноДијас нема да биде казнет поради пораката до киднаперите