ИН МЕМОРИАМ: Почина легендата на Работнички и МЗТ Скопје, Јанко Луковски

1674

Утрово во 77 година од животот почина поранешниот македонски кошаркарски играч и тренер на најголемите скопски клубови МЗТ Скопје и Работнички, Јанко Луковски.

Луковски по завршувањето на играчката кариера, во првата сезона како професионален тренер го водеше Борец од Велес, по што стана тренер во клубот во кој го мина најголемиот дел од својата играчка кариера – КК Работнички. Двапати ги донесе во првата А лига на поранешна Југославија, а еднаш и до финалето на Купот на Југославија (1983), кое го загуби од Цибона.

Во периодот од 1982 до 1986 година ја водеше, понекогаш самостојно, понекогаш како помошник на Русмир Халиловиќ, јуниорската репрезентација на Југославија, поточно кадетската репрезентација и младата репрезентација до 21 година, каде што тренираше играчи како што се: Дражен Петровиќ, Здовц, Паспаљ, Пецарски, Цвјетичанин, Перасовиќ, Сретеновиќ и др.

Во 2003 година основаше воја кошаркарската школа во Нови Сад, Србија.

ПретходноАнчелоти смирен по ремито со Рајо: Лоша реализација, но нема место за драми
СледноОткако загуби во финалето на Копа Либертадорес: Бока го отпушти тренерот