Маџунков и Лувен го елиминираа Мазеик во четвртфиналето на белгискиот куп

152

Македонскиот одбојкарски репрезентативец Филип Маџунков и неговиот нов тим, белгиски Лувен, направија вистинска сензација во четвртфиналето на белгискиот куп, откако викендов со 0:3 (18:25, 26:28, 21:25) на гостински терен го победија големиот фаворит Гринјард Мазеик.

Маџунков е незаменлив стартер во тимот на Лувен и на ова четвртфинале реализираше 3 поени.

Славниот белгиски тим кој и оваа година заедно со Роселар се најголемите фаворити за титулата во белгиската одбојкарска елита, беа изненадени од новиот состав на Лувен кој со нашиот Маџунков почна со две победи во првенството, по што следуваше овој изненадувачки триумф и во купот.

ПретходноОткако загуби во финалето на Копа Либертадорес: Бока го отпушти тренерот
СледноХамилтон среќен што завршува сезоната: Добро е, уште две трки за да не се мачиме!