Вчера на Чаир, во скопската дерби пресметка, Шкупи со 2:0 успеа да го победи Вардар. Очекувано, иако и домашниот тим не одигра којзнае како спектакуларно, но сосема доволно за победа и три бода.
Се чини дека на првиот гол, по шутот на Арби Воша, голманот на гостите Филип Гачевски, можеше и мораше подобро да реагира.
По тој гол попуиларниот Гача како да и самиот беше свесен што направил па не ја криеше својата немоќ.
Убава фотографија од Гачевски на Чаир, секако за фото на 13.коло.