Заборавивте на него? Раџа се враќа на терен, ќе игра во Индонезија

413

Раџа Наинголан е подготвен повторно да заигра? Последното искуство на поранешниот играч на Рома во Спал не беше позитивно, но Белгиецот очигледно не мисли да се откаже, па сега доби и нова шанса за продолжение на кариерата.

Как што пишуваат белгиските весници, Наинголан всушност би можел повторно да заигра во Индонезија. Веќе добил понуди од неколку клубови кои се заинтересирани за него, почнувајќи од ФК Борнео, Персиб Бандун, Бхајангкара и Бали Јунајтед.

Поранешниот играч на Рома и белгиски репрезентативец наскоро ќе се вклучи како амбасадор на Светското првенство за играчи до 17 години што ќе се одржи во Индонезија, што веројатно е причина плус да заигра и во тамошното првенство.

ПретходноГалата и Фенер не сакаат Суперкуп во С. Арабија: Сакаме да играме на наша почва!
СледноРуни: Имав проблеми со алкохолот, а Нани беше најлошиот со кого сум играл!